Татко од Кина го изубил својот син во 1994 година, а конечно го пронашол по 24 години.
Солзи радосници го исполниле лицето на Ли Шунји кога повторно го сретнал изгубеното дете. Тогаш тригодишниот Ли Леи денес има 27 години.
Се изгуби на 8 август 1994 година, а во петокот потрагата заврши по успешната идентификација со помош на ДНК анализа, вели таткото.
– Излегов од дома за да продавам премети на мојот штанд. Не сфатив дека син ми ме следи. Дознав дури кога неговата мајка дојде до моето работно место. Не можев да поверувам, раскажува низ солзи Ли (59).