(ВИДЕО) ТИТО ИМ ЈА “ПРОДАДЕ” УТАКМИЦАТА НА ГЕРМАНЦИТЕ: Југославија го загуби Мундијалот за државата да избегне банкрот

Една од најголемите контроверзии кои го следат националниот тим на Југославија на Светските првенства во фудбал е поврзана со Мундијалот одигран во 1974 година во Германија.

Можеби Југославија би поминала подобро на Мундијалот да не го имаше Тито за претседател. Според новинарот на хрватски “ЈУтарњи лист” Томислав Жидак, Тито ја “продал” утакмицата за 700 милиони марки.

На 26 јуни 1974 година, во рамките на групата Б, Југославија била лесно поразена од домаќинот со головите на Брајтнер и Милер.

Тимот на Југославија важел за еден од фаворитите. Но, по ремито со Бразил и победата на Заир, избраниците Миљан Миљаниќ потклекнаа пред “панцерите”.

Само 24 часа порано, Тито за прв пат во животот ја посетил Германија, во намера да извлече кредит од 700 милиони марки, пари кои требало да бидат искористени за да се избегне банкротот на тогашниот самоуправен социјализам во Југославија.

Маршалот еден ден пред натпреварот на Југославија со Германија, во хотел “Парк” приредил прием на кој присуствувале и тогашните репрезентативци.

Кредитот никогаш не е вратен, па се поставува прашање дали е тоа цената за фудбалскиот пораз на “сините” со кој и овозможија на легендарната германска генерација на Бекенбауер, Милер, Мајер, Брајтнер и останатите да се качат на светскиот трон.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.