Калун и Скот до сега имаат уапсено 73 лица осомничени за педофилија, од нив 42 се осудени, а 20 веќе ја издржуваат затворската казна.
Двајца храбри активисти од здружението “Темна правда” од Њукасл, од октомври 2014 година кога ја основале својата организација, и помагаат на полицијата да пронајди педофили и да ги изведе пред лицето на правдата.
Калун и Скот до сега имаат уапсено 73 осомничени лица, од нив 42 се осудени, а 20 веќе ја издржуваат затворската казна.
Потенцијалните престапници ги бараат на социјалните мрежи каде имаат креирано лажни профили на деца, тинејџери.
На лажните профили добиваат пораки и така стапуваат во контакт со педофилите, а потоа договараат состанок.
Меѓутоа на состанокот не се појавува дете туку некој од нив, кој во соработка со полицијата има право да ги задржи педофилите до доаѓањето на надлежните органи, кои потоа ги приведуваат и започнуваат кривична постапка против нив.
Ф.Г.