Зоран Заев стана мета на нов меѓународен блам овој пат на пранкери кои се претставија како активистката против климатските промени Грета Тунберг и нејзиниот татко. Имено тие во телефонски разговор со Заев разговараат за повеќе теми.
Точниот период не е познат, но се претпоставува дека пранкот е од месец ноември минатата година кога и самата влада и советникот на Заев Забарчанец театрално се пофали дека бил спречен хибриден напад.
-Сопрен е Хибриден напад кон владата од пранкери, соопшти Забарчанец. Очигледно не ја говореле вистината бидејќи од разговорот кој е објавен се гледа дека Заев за време на целиот разговор нема забележано дека е жртва на пранкерски напад.
Од разговорот се гледа дека Заев го напаѓа Францускиот претседател Макрон за кого се согласува дека е ужасен човек и дели совет дека мора да е поодговорен. Тој ветува дека ќе затвори аеродроми поради барањето на божемната Грета дека така ќе се сопре загадувањето, а потоа вели дека ќе дозволи нејзиниот татко да пуши марихуана во Скопје.
Тој вели дека е добар предогот на мигрантите да им се даде вдомување и работа во земјава, иако тие ги преферирале западните земји зошто тука не се живееело добро.
Целата статија прочитајте ја на КУРИР.МК
Извор: kurir.mk