На денот на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, свечено ќе биде претставено и неговото ново возило “Cadillac One”. Специјалното возило американските медиуми го нарекуваат “Ѕвер” поради опремата која ја содржи и отпорноста на различни видови напади.
Автомобилот е произведен од General Motors. Истиот е користен и за Барак Обама, но Трамп побарал подобрување на надворешниот дел.
Автомобилот содржи и оружје: солзавец, пушки и плински топови. Вратата и прозорците се отпорни на куршуми, а целото возило е отпорно на биолошки и хемиски напади. Долниот дел може да издржи и експлозија на бомба на патот.
Прозорите не може да се отворат, освен од страната на возачот, и тоа само 7 сантиметри за да може да плати патарина и да разговара со агентите.
Автомобилот содржи боца со кислород, боци со крв од крвната група на претседателот, како и опрема за гасење на пожар. На местото на кое седи претседателот, вграден е сателитски телефон кој е директно поврзан со потпретседателот и со Пентагон.
Автомобилот е опремен со посебни камери за ноќно возење, а тркалата се посебно направени така што автомобилот може да продолжи да вози и со дупната гума. Резервоарот со гориво е посебно заштитен и не може да експлодира.
Ф.Г.