Замокот Болт кој се наоѓа на мал остров сред архипелагот Илјада острови во Њујорк, е американска верзија на замок, која претставува необична сложувалка од средновековните и викторијанските замоци. Болт е споменик на една љубов која тpaгично завршила.
Сопственикот на познатиот њујоршки хотел Валдорф Астори, Џорџ Болт, одлучил да подигне споменик на љуботвта кон својата сопруга Луиз. Парот купил остров, а Џорџ одлучил на својата љубов за роденден да и поклони нов замок. Дури успеал да го преобликува островот како би добил форма на срце.
Во 1900 година започнал да го гради замокот, а една година пред да биде изграден, Луиз починала. Џорџ тогаш ја прекинал изградбата и никогаш повеќе не се вратил на островот. Го продал замокот, кој во 1977 година бил реставриран и денес е отворен за јавноста.