Поранешниот претседател на Косово и еден од основачите на ОВК, Хашим Тачи, денес за прв пат се појави пред судија за претходна постапка во Хаг.
На рочиштето беа присутни неговиот адвокат Денис Хопер и специјалниот обвинител за Косово, Џек Смит.
На почетокот од рочиштетот судијата за претходна постапка Николас Гиј му дозволи на судскиот фотографи да го фотографира Тачи на обвинителната клупа, но со напомена да не го фотографира заедно со судските стражари.
– Ги разбирам обвиненијата кои се прочитани, рече Тачи.
Судијата го праша дали сака да се изјасни за точките на обвинението, на што тој одговори дека “обвиненијата се целосно неосновани. Не сум виновен по ниту една точка”.