Сега ќе ви каже премиерот како ќе функционира државата, само…
Како ќе функционира државата? Како што ќе каже Али, а ние веќе тоа и го знаевме.
Сите сме имале соученик кој кога ќе излезел да одговара пред табла немал “абер” од материјалот за предметот, па тивко сме потфрлале по некој збор од место за да добие “прелазна оценка”. Ситуацијата и денес е слична, со една разлика што сега не се работи за ученик, туку за премиерот на државата.
Некои ќе речат Димитар Ковачевски не правел многу грешки како претходниот премиер, но од друга страна, како да прави кога не знае што да кажи. Како и да е, секое негово јавно појавување го собира вниманието на целата јавност. А зошто? Па еве, погледнете зошто: