(Видео) Татко го пронајде својот син по 58 години: Го киндапиpaле кога имал само 2 години

Кога Фу имал две години, тој бил киднапиpaн на железничката станица во Кина и дури сега, по 58 години, повторно го пронашол својот татко Лу (90).

Фу, кој сега има 60 години, го сретнал својот татко во градот Заожуанг, во источната провинција Шандонг, а локалните власти објавија снимки од нивната трогателна средба.

Само што влезе низ вратата, Фу потрча кон својот татко, го прегрна во солзи и падна на колена.

Лу, наводно, го изгубил од вид својот син во 1963 година во областа Суеченг, додека чекал воз. Тој рече дека во еден момент ја држел раката на детето, но го пуштил накратко и по неколку минути видел дека детето не е таму. Се верува дека Фу бил киднапиран од шверцери на луѓе кои го однеле во Шангај каде го посвоила двојка.

Извор: press24




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.