(ВИДЕО) СЦЕНА КОЈА ЦЕЛ СВЕТ ЧЕКАШЕ ДА ЈА ВИДИ! Децата од пештерата: “Ние сме сега едно семејство” – Громогласен аплауз на теренот !

Дванаесетте деца и нивниот фудбалски тренер, минатата недела беа спасени од поплавената пештера, а денес за прв пат се појавија во јавноста, на конференција со новинарите во Чијанг Раи.

Групата излезе од болница и на прес-конференција одговараа на прашања од новинарите за искушенијата низ кои поминаа во пештерата во која беа заробени 17 дена.

Децата открија со што би сакале да се занимаваат кога ќе пораснат, а поголемиот дел од нив наведоа дека сакаат да бидат фудбалери.

“Разговаравме само за тоа како да најдеме излез. Мислевме дека постои уште еден излез од другата страна на пештерата”, изјави тренерот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.