Осминафиналните натпревари од Дејвис Купот вчера ги засени срамната реакција на канадскиот тенисер Денис Шаповалов. Имено, Денис веќе губеше 2-0 во сетови, а во третиот сет 2-1. Откако го загуби својот сервис, во момент на нервоза го удри топчето што му остана во раката и го погоди главниот судија во окото.
За среќа судијата остана без посериозна повреда, но Денис автоматски го загуби натпреварот.
The moment @denis_shapo hit the chair umpire in the face, resulting in a default and Win for Great Britain. I'm in shock. #DavisCup pic.twitter.com/8nawleuac7
— Matthew (@MRisingStar18) February 5, 2017
Ф.Г.