ВИДЕО: “Сугаре, што ти е бе…??? Го праша Талат Џафери нервозниот Министер”

Денешната седница во Собранието е резервирана за пратенички прашања. Пратениците од опозицијата го опсипаа премиерот Заев за слабата реализација на капиталните проекти и неисполнетите предизборни ветувања.

Пратениците особено го истакнаа проблемот со загадувањето и ветувањето на власта дека Македонија ќе дише чист воздух, потоа ветените 500 километри автопат, Анексот од 187 милиони на Договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, ветениот пласман за земјоделците, повратот на ДДВ….

Пратеникот Влатко Ѓорчев постави 3 прашања до премиерот Заев притоа истакна дека со буџетот за 2018 година се нема заковано ниту една шајка во државата и дека не можат да се забележат реализирани проекти. Тој истакна дека фијаско особено доживеаа градоначалниците во Скопје, Битола, Прилеп, Охрид…

Ѓорчев побара од Заев да прифати дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и да дебатира секој месец на националниот сервис.

После неговите прашања следеа реакции од пратениците од СДСМ и министрите присутни во салата, па собранискиот спикер ја смируваше ситуацијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.