(Видео) Студент од Правен факултет го доби спорот против 44 професори: Бара да му се исплатат 150.000 евра надомест на штета

Стефан Карановиќ, студент на правниот факултет во Нови Сад, пред неколку години поднел пријава до Агенцијата за борба против кopyпција. Пријавата била против претседателот на Советот на факултетот.

Во тој период и медиумите пишувале за одредени незаконски елементи во работата на факултетот, а тука започнала и сагата на Стефан и неговите професори, асистенти и управата во факултетот.

– Тие ме обвинуваа дека јас сум виновникот за текстови кои беа пишувани против нив, иако јас не сум го направил тоа, вели Стефан.

Набрзо била поднесена првата пријава против него, наводно ја поднел Сојузот на студенти, а Управниот суд ја укинал.

– На судењето имаше сведочење на еден студент, кој вели дека никогаш не поднел дисциплинска пријава против мене, а на факултетот стои неговиот потпис. Па сега се поставува прашањето “кој го фалсификувал неговиот потпис и пријавата?”.

Пријавата против студентот Карановиќ ја поднеле 44 професори и асистенти од неговиот факултет, а Управниот суд го вратил предметот на правниот факултет за повторно одлучување. Во пресудата се предвидува Правниот факултет да ги надомести трошоците на студентот.

Тој најавува дека ќе бара 150.000 евра оштета од факултетот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.