На видео кое се појави на социјалните мрежи се гледа како припадник на српската пoлициja од една цистерна вади мигpaнти.
Според српскиот портал “Дневна газета”, се работи за припадник од полициската станица во Добој, а цистерната била пронајдена на паркингот од некоја градежна фирма.
Возачот на цистерната рекол дека тој ден дошол од Бихач и дека наводно мигpaнтите ја искористиле неговата невнимателност и влегле во цистерната додека била паркирана на платото пред бензиската пумпа во тој град.
Тој на полицијата и рекол дека не знаел дека мигрантите се во цистерната и дека тоа го воочил кога дошол на одредиштето.