Семејство од округот Каролајн, Мериленд, минатиот викенд на автопатот пронашле вреќи во кои имало речиси еден милион долари.
Возејќи се со семејството, Емили Сканч доживеала навистина необичен момент. Имено, пред неа возел друг автомобил од кој излетала вреќа, а на неколку метри од неа се наоѓала уште една.
Ги земала вреќите и ги однела во најблиската полициска станица, без да провери што има во нив. На шерифот му објаснила дека пронашла две вреќи со неидентификувана содржина во нив. Подоцна било откриено дека во нив има речиси еден милион долари.