(ВИДЕО) СПЕКТАКУЛАРНО ОТКРИТИЕ ПОД ДРЕВНАТА ПИРАМИДА: Пронајден тунел стар 1.800 години, а во него…

Откривањето на стотиците округли предмети, истовремено ги восхитува и збунува научниците. Овие топки лежат под храмот “Земјата на пердуви”, древна степенаста пирамида која се наоѓа на 50 километри од Мексико Сити.

Мистериозните сфери се пронајдени за време на археолошкото ископување со помош на робот опремен со камера, во еден од најважните објекти на претколумбискиот град Теотивакан.

“Тие изгледаат како жолти топки, но не знаеме за која цел се направени”, вели Хорхе Завала, археолог во Националниот институт за антропологија и историја на Мексико.

Мезоамериканските рушевини на Теотивакан, го претставуваат еден од најголемите урбани центри на древниот свет. Во “Градот на пирамидите” живееле повеќе од 100.000 жители, но бил напуштен поради непознати причини околу 700 година пред наша ера.

Ископувањето во храмот е фокусирано на тунелот длабок 330 метри, кој се протега под структурата. Тунелот е откриен во 2003 година, кога поради невреме биле отворени дупки на неколку метри од пирамидата.

“На влезот пронајдовме две бочни комори од 72 и 74 метри, а ги нарековме Северна и Јужна комора”, вели археологот Серџо Гомез Чавез.

Археолозите го истражувале тунелот со помош на робот кој бил опремен со инфрацрвена камера и ласерски скенер. Со негова помош е направена 3Д визуализација на просторот под храмот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.