(Видео) Спектакл во Барселона: По 45 години отворена уште една кула на Саграда Фамилија

Со поставувањето на ѕвезда беше отворена 138 метри високата кула на базиликата Саграда Фамилија, најпознатата градба во Барселона и ремек дело на каталонскиот архитект Антини Гауди, која се гради од 19-ти век.

Илјадници луѓе следеа како кранот ја поставува 5.5 тони тешката ѕвезда на кулата посветена на Дева Марија.

Оваа кула е втора по големина од вкупно 18. Највисоката е посветена на Исус, четири на евангелистите, а останатите за апостолите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.