(Видео) Со среќа на “младите”: Берлускони се жени на 85 години

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85) и неговата 32-годишна партнерка Марта Фасина „симболично“ се венчаа.

Фасина е член на неговата партија Форца Италија, а во медиумите се појавија снимки од нивната раскошна забава во градот Лесмо, северно од Милано. Медиумите наведуваат дека „фестивалот на љубовта“ на Берлускони се одржал во историската зграда Вила Гернето.

Прославата изгледаше како вистинска свадба, но парот официјално не се венчаше поради несогласувања околу наследството во неговото семејство. Имено, децата на Берлускони не се воодушевени од тоа што на 85 години сака да се ожени со 53 години помлада жена, која тогаш би добила право на дел од неговото наследство проценето на шест милијарди евра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.