Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа седмата редовна седница на чиј дневен ред се најдоа повеќе точки од интерес на граѓаните. Советниците ги усвоија Извештајот за работата на Советот за 2021 година и Програмата за работата за 2022 година.
Со мнозинство гласови се усвои и Програмата за култура за 2022 година, Одлука за прифаќање на спонзорство на Општина Прилеп како и Предлог-Одлука за изменување и дополнување усогласување со Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РСМ“ бр.24/2021)на Одлуката за основање на Центар за развој на ПЕЛАГОНИСКИОТ плански регион број 08-1957/4 од 07.02.2008.
На седмата седница беа донесени и одлуките за усвојување на финансискиот план и програмата за работа на ЈКП Пазари – Прилеп за 2022 година, финансиските планови на јавните уставови Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник, Детските градинки „Наша иднина“, финансискиот план и програмата за реализација на дејности за 2022 година за Градската библиотека „Борка Талески“ и финансиските планови за сите основни и средни училишта вклучувајчи го и основното музичко училиште „Ордан Михајлоски Оцка“.