Во областа на крајниот север на Русија забележана е крајно необична глетка – крдо елени кои се движат во круг.
Оваа ретка појава во селото Ловозерово во Мурманската област ја сними новинарот Лав Федосеев со помош на дрон.
Зоолозите објаснуваат дека елените се постројуваат во круг во случај на опасност. Крдото се движи на овој начин за да го збуни предаторот.