(ВИДЕО) Со години во нивниот двор се криел сеф полн со пари и накит: Кога го пронашле, ја откриле неверојатната вистина за него

Маж и жена од Њујорк доживеале филмска сцена кога во нивниот двор пронашле закопан сеф полн со пари, злато и накит.

Метју и Мариа Емануел велат дека пронаоѓањето на закопаното богатство е сон на сите луѓе, а нив овој сон им се остварил.

Вредноста на сефот била 42.000 евра, но на крај дознале дека сефот е во сопственост на нивниот сосед кој бил ограбен пред 7 години.

Тие четири години живеат во таа куќа, но не можеле ни да помислат дека во нивниот двор се крие сеф.

Меѓу дрвата во дворот случајно забележале метална кутија, но најпрво мислеле дека се работи за разводна кутија за струја.

Предметите во сефот биле обвиени во пластични вреќи, а имало дијамантски прстен, злато и банкноти од 100 долари. Во сефот имало и хартија со адресата од нивниот сосед.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.