Дилерите кои беа уапсени во голема полициска акција во Арачиново, доцна попладнево беа спроведени кај судските органи.
Акцијата се спроведувала подолг период, а вчера специјалните полициски единици извршиле претреси на повеќе локации.
Уапсени се 3 лица од Прилеп, едно од Битола, од Сингелиќ, Арачиново, а по две лица уште се трага. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по завршување на акцијата јавноста ќе биде детално информирана.
Во меѓувреме некои медиуми излегоа со информација дека меѓу осомничените е и братот на претседателот на општинската организација на СДСМ, во Арачиново.
Извор; kurir.mk