Сопственикот на опседнатата куќа “McKamey Manor”, ќе му плати 20.000 долари на секој гостин што ќе успее да преживее една ноќ во неа.
Се верува дека тоа е најстрашната куќа на целата планета, толку страшна, што е речиси невозможно да се издржи цела ноќ во неа. Токму поради тоа наградата од 20.000 долари изгледа дури и мала.
Сопственикот ги повикува сите кои сакаат да учествуваат во “авантурата”, најпрво да го изгледаат филмот од 2 часа на кој може да се видат искуствата и на претходните учесници. До сега се пријавиле речиси 24.000 луѓе.