На Си-Ен-ЕН се појави видео од воздушните напади од САД кон воената база во Сирија.
Педесет и девет ракети Томахавк се испукани ноќеска од два воени брода на армијата на САД врз сириски воен аеродром и други цели, соопшти Пентагон.
– Тие ракети беа насочени кон авиони, зони со нафтени и логистички складишта, бункери за муниција, системи за ПВО и радари, изјави портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис.