(Видео) Снежна Битола прекрасна!

Снежна прекривка од утрово ја завитка Битола во бело руво.

Новите врнежи од снег викендов одново ќе ги исполнат скијачките патеки во Нижеполе, каде снежната покривка достигнала 30-тина сантиметри, додека на Копанки 40.

Видеото од центарот на Битола, кое е објавено на Фејсбук страната “Градот на конзулите” го привлече вниманието на голем број корисници на социјалните мрежи.

Ќе признаете, Битола изгледа прекрасно во бело!

ВИДЕО: Facebook/GRADOT NA KONZULITE




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.