Коронавирусот е страшило за сите, но не и за маестро Игор Џамбазов. Ковид 19 сите не затвори дома, а нему му ги “отвори чакрите“. Џамбазов седењето дома го искористи да направи нова песна.
Приклучувајќи се кон препораките и кампањата #Остани дома, сам со својот блуз и гитарата в рака, напишал стихови од кои кожата се ежи, па песната ја снимил на видео и ја споделил на социјалните мрежи.
Слушнете ја „Вирус Блуз“: