Воените лидери на мексиканската војска во почетокот на 20 век веројатно не ни помислувале дека нивните воени вежби на Мариетас островите ќе ја направат најголемата туристичка сензација во светот. Со тестирање на бомби направиле кратер на средина од густата шума што со текот на времето станал плажа.
Мексиканците ја нарекле “Плажа на љубовта”.
Во кратерот се оформила прекрасна песочна плажа каде преку водени тунели може да се дојде и до брегот и морето. “Плажата на љубовта” не е единствената случајна сензација на островот. Останатите експлозии создале и голем број на тунели кои туристите со задоволство ги истражуваат.