Владата донесла решение за прогласување на технолошки вишок на 130 вработени во „Еурокомпозит“, но без да им плати отпремнина.
Вработените денеска повторно се заканија со штрајк пред Влада во Скопје затоа што никој не сака да си оди од работа без овие средства.
Поради нестабилната политичка ситуација и најавата за нови избори се плашат дека воопшто нема да бидат внесени во новиот закон за технолошки вишок за кого бараат да биде изгласaн под итна постапка – oбјави порталот “Инфо Компас”.
ВИДЕО: “Инфо Компас”