Сицилијанскиот град Камарта нуди бесплатни куќи како би се спасил од депопулација.
Градоначалникот на Камарта, Виченцо Џамброне, последниве три години се обидувал да ги убеди сопствениците на напуштените куќи бесплатно да им ги предадат на луѓето кои ќе се населат во градот.
“Не можам да прифатам овој прекрасен, стар, историски центар да се испразне и пропадне. Ме боли тоа”, вели тој.
Џамброне вели дека во моментов има десетина празни куќи, но дека наскоро ќе има многу повеќе.
Постојат неколку услови што треба да се исполнат.
Купувачите ќе мора да ги реновираат објектите во рок од три години. Исто така, ќе треба на општината да и исплатат 5.000 евра депозит, кои ќе им бидат вратени откако реновирањето ќе се заврши.
Паровите кои имаат дете ќе добијат бонус од 1.000 евра.