Во морето од вести за kopoнавиpycoт се наоѓаат и некои кои навистина се за восхитување. Во една од нив главна улога има ѕвездата на Ливерпул, херојот на Сенегал, Садио Мане.
И покрај неговата вредност на фудбалскиот пазар од 150 милиони евра, Садио Мане е познат како најскроминиот фудбалер на островот.
По којзнае кој пат реши повторно да му помогне на своите сонародници во Сенегал. На сенегласките лекари им донираше 41.000 фунти, односно 44.000 евра, како би им помогнал во борбата против CAPC-CoV19 кopoнавиpyc.
Ова на социјалните мрежи го сподели неговиот пријател и кениски фудбалер Алан Ванга.
Сенегал е држава која не е силно погодена од виpycoт, но ваква помош сигурно добро би им дошла во моменти кога е потребно да се преземаат превентивни мерки.