Реал Мадрид синоќа стигна до тешка, но значајна победа во дуелот со Атлетик Билбао, но натпреварот го одбележа Кристијано Роналдо.
Не со своите голови, туку со лошите реакции во гостинскиот шеснаесетник и со еден несфатлив потег при победничкиот погодок на Алваро Мората.
Младиот Шпанец во 83. минута го доведе Реал во водство од 2-1, што подоцна се покажа доволно за победа, но Роналдо сигнализираше офсајд и притоа се удри по ногата како да му е жал за голот.
Што беше причината за таквиот негов потег уште не е јасно, а Португалецот потоа едвај се довлечка до соиграчите за да го прослави погодокот.