Наш читател ни испрати видео од синоќа, снимено пред зграда “Македонија” во Прилеп. Хидрантот пред зградата бил во дефект, па голема количина вода течела по булеварот.
Дефекти се случуваат и се поправаат, но ако се има во предвид дека водата во Прилеп е изгор скапа, а неодамна градот се соочи и со недостиг на вода, тогаш што помалку вакви дефекти толку подобро.
За цената на сметките за вода на прилепчани пишувавме и порано, а повеќе можете да погледнете во линкот во продолжение:
“Повисоки сметки за вода од оние за струја плаќаат прилепчани??”
Симболиката во насловот “течеле пари” кажува доволно после ова….