ВИДЕО: Се тресеа вековни градби во Рим

Два часа по првиот земјотрес со магнитуда од 5,4 степени по Рихтеровата скала средишниот дел на Италија во 21.18 часот го потресе уште еден, посилен, со  магнитуда од 6,3 степени, Епицентар е подрачјето на Перуџа.

 

ital-640x379Првиот земјотрес со магнитува од 5,4 степени беше со епицентар во местото Кастел Сент Анџело ди Нера, кој осетно ја затресе цела средна Италија во 19.11 часот. Хипоцентарот беше на 10 км длабочина, па зафатил широко подрачје се осетил од Фиренца до Неапол, се тресеа Перуџа, Терни, Рим, каде што луѓето излегоа на улица.

italija-se-trese

Иако беше објавена вест дека има жртви, таа беше веднаш повлечена, но потврдено е дека има стари градби кои се оштетени.

Сеизмолозите претпоставуваат дека овој потрес е поврзан со катастрофалниот кој го уништи градот Аматриче на 24 август годинава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.