Видео: Се топи земјата – асфалтот голта возила, не се очекува промена наскоро

Велика Британија наскоро би можела да достигне нов температурен рекорд, бидејќи денеска се забележани 32 степени Целзиусови, што е доволно асфалтот да почне да голта возила.

Ако живата достигне 33 степени Целзиусови тоа ќе го премине моменталниот рекорд за најтопол ден во 2018 година, кој е поставен на 28 јуни во северен Велс.

Колку се високи температурите покажува примерот од западен Беркшир кога камион од комунална хигиена пропадна во асфалтот.

Работниците биле исфрлени напред, а камионот изненадно застанал и пропаднал.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.