Во Русија денес е последен ден за гласање на референдумот за предложените уставни реформи, а вработените во зоолоката градина во Барнаул, во руската република Алтај, доведоа и мечка на гласачкото место.
Како што изјави директолот на зоолошката градина Сергеј Писарев, мечето Глаша е сираче кое е пронајдено во близина на шумата.
Мечето “гласаше” на местото во гимназијата во Барнаул, а на видеото се гледа како Глаша се качува на масата, го одзема наливот и антисептикот, ги повлекува ливчињата за гласање и ја каснува жената од избирачката комисија.
Писарев вели дека појавувањето на Глаша во гимназијата ги воодушевило и децата и членовите на изборната комисија, кои не очекуваа таков посетител. Тој наведе дека вработените од зоолошката и претходно оделе на избирачките места со животни.
Видеото можете да го погледнете ТУКА.