Се сеќавате ли на раскошот на Олимпијадата во Рио минатата година? Шест месеци подоцна неверојатните стадиони, опремените борилишта, базени и спортски терени изгледаат ужасно и непрепознатливо.
Ова не е прв пат инфраструктурата која се градела за едни олимписки игри да биде оставена на времето на заборавот и уште еднаш говори за фактот колку скап предизвик е одржувањето на ваквите зданија, после завршувањето на едни игри.
Истото се случи после олимписките игри во Атина во 2004 година, како и после зимските олимписки игри во Сараево 1984 година.
Видеото кое следи уште еднаш го потврдува олимпиското проклетство и говори за колкав неоправдан трошок станува збор.
А.Г.