Властите на американската сојузна држава Делавер јавија дека шлепер со 22,5 тона недовршени долари во монети се превртел на автопатот „Интерстејт 95“, а сообраќајот бил прекинат бидејќи товарот се распрскал по автопатот.
Возачот Стефан Маринковиќ е полесно повреден и ќе биде казнет поради невнимателно возење.
Шефот на Државната полиција Џефри Хејл преку телефон истакнал дека големиот камион се превртел и се запалил кај крстосницата покрај местото Њу Касл.
Полицајците велат дека 25-годишниот возач Стефан Маринковиќ од Чикаго е во болница со полесни повреди. Хејл рекол дека целиот товар со незавршени монети се истурил по автопатот.
Монетите кои биле на пат за Ковачницата во Филаделфија се собрани и складирани додека не се договори продолжувањето на транспортот, наведуваат властите.
Поради превртувањето на камионот и чистењето, патот бил затворен повеќе од 13 часа.