За да не потсети дека постои, пратеникот Миле Талески од време на време се појавува во јавност со по некоја прес-конференција. И тоа е добро, овој пат ја најави изградбата на водоводот во манастирскиот комплекс Трескавец, но Талески повторно избегна да го сподели своето мислење за Дрин Ахмети.
Граѓаните ќе почекаат наредна прилика да го слушнат мислењето на пратеникот од редовите на СДСМ. Со повеќе храброст и желба за борба против криминалот, без разлика дали таму се вмешани и лица од власта. Законите важат еднакво за сите, нели?