Израелските археолози објавија дека откриле голем град стар 5.000 години на северот од државата.
Древниот град е откриен за време на подготовките за работа на автопат во близина на Хариш, град на 50 километри северно од Тел Авив.
Станува збор за “космополитски и испланиран град” кој датира од бронезното време. Се простирал на 65 хектари и на него живееле 6.000 жители.
Откриен е необичен обреден храм, како и запалени коски од животни, што е знак дека биле изведувани ритуали на принесување жpTBи.