Во близина на римскиот Пантеон, сред улица се отвори дупка. Откриен е уште еден дел од италијанската престолнина.
Дупката е длабока 2.5 метри и 3 метри широка. Се појавила минатиот месец на местото познато за туристите, а во меѓувреме беше објавено дека во неа се крие античка калдрма. Пронајдени се околу 40 камени коцки.
За среќа немаше туристи, па не е направена поголема штета. Сепак, благодарение на дупката, граѓаните на Рим сега може да видат како им изгледал градот пред новата ера.
Sinkhole opens outside the Pantheon in #Rome, revealing ancient stones https://t.co/5NcgVmOBwK via @MailOnline
— Roman History (@romanhistory1) May 22, 2020