Се обиде да изиграва фраер и да фати ајкула на “нејзин терен” со голи раце, но планот не излезе како што планираше.
Џош Нил (29) се фрли во вода и се обиде да фати предатор долг 3 метри во северен Квинсленд, Австралија.
Но ајкулата не се предаде лесно, а борбата траеше неколку секунди. Ајкулата го касна Џош за десната нога и го остави во крв. Но Џош немаше ни малку милост, па со помош на харпун ја извадил ајкулата и ја усмртил.
Ф.Г.