Еден турист од Индија сакаше да се фотографира со смртоносна змија, но таа направи се за оваа фотографија да му биде последна во животот.
Имено, на видеото се гледа како туристот во бела кошула стои, додека друг човек му ја става змијата околу вратот.
Скоро и да не се забележува моментот кога смртоносната кобра го каснува на лицето туристот.
Човекот набрзо започнува да губи свест, но кога го одвеле до болница, веќе било касно. Туристот починал од отровот на кобрата, пренесува “Дејли Меил”.
Ф.Г.