(ВИДЕО) СЕКОЈА ЧЕСТ! Тијаго Силва го освои срцето на фудалските навивачи – погледнете зошто !

Фудбалерите на ПСЖ го освоија Купот на Франција со резултат 2-0, а ова е трет трофеј за нив оваа година. Она што особено допре до навивачите беше потегот на капитенот на победничкиот тим Тиаго Силва.

Пред повеќе од 70.000 навивачи на “Стад д’Франс”, “Светците” ја оправдаа улогата на фаворит, бидејќи во целост ја контролираа играта.

За парижаните ова е рекорден 12-ти трофеј во купот, а до “тројната круна” дојдоа бидејќи ја обезбедија титулата во Лига 1 и го освоија Лига купот на Франција. Избраниците на Унаи Емери претходно го освоија и Суперкупот на Франција.

Лес Хербиерс, пторивниците на ПСЖ во финалето се третолигаши и на патот до финалето ги елиминираа Оксер, Ленс и Шамбли.

А за ова несекојдневно финале во Купот на Франција да остане во убаво сеќавање, па и на губитничката екипа, се погрижи капитенот на ПСЖ Тијаго Силва кој пред доделувањето на пехарот го повика капитенот на противничкиот тим заедно да го подигнат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.