(Видео) Својата високоплатена работа во Швјацарија ја заменил за да живее со нив: Погледнете како изгледа да се живее во семејство на лавови

Дин Снајдер е Швајцарец кој во својата држав станал финансиски експерт и формирал сопствена компанија. Но комфорот што го имал во Швајцарија, луксузниот живот и доброплатената работа не успеале да го задржат во намерата да замине и да живее во Африка и да стане дел од лавовското семејство.

“Луѓето постојано ме прашуваат, како успеав да станам дел од нивното семејство. Како можам да бидам толку близок со лавовите во сите ситуации.

Во светот на лавовите 90% од комуникацијата е преку говор на телото. Секое движење на главата, шепите комбинирано со опашката, но и моите очи, каде гледам, дали се повлекувам назад или одам кон нив, сето ова е комуникација. И ако не сте свесни кави сигнали ви даваат, што сакаат да ви кажат, тогаш може да биде опасно.

Има голема разлика во тоа да сте прифатени или почитувани од лавовите и да сте дел од нивното семејство. Јас го научив нивниот јазик и така комуницирам со нив.

Ако му кажам на лавот да седни или да замини на друго место, тој воопшто нема да ме послуша, затоа што тој е кралот и тој ги прави правилата тука…”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.