(ВИДЕО) Светот ја доби првата жена-робот водителка на вести: Еве како изгледа кога робот води вести

Кинеската новинска агенција Синхуа ја ангажираше првата во светот жена-робот водителка на вести. Агенцијата соопшти дека нејзиното име е Син Сјаомен, која е развиена во соработка со компанијата Sogou, што се занимава со пребарување и индексирање на информациите во глобална мрежа.

Всушност, токму Sogou е креаторот на овој модел на вештачката интелигенција.

Водителката ќе известува за седниците на кинеското собрание на народните претставници и кинескиот консултативен комитет. Ова всушност се главните политички настани во државата.

Да потсетиме, минатата година во Синхуа се појави првиот маж-робот водител на вести, Џан Чао. До денес, тој има презентирано 3.400 телевизиски вести, со вкупно времетраење од повеќе од 10.000 минути.

Но, сега е веќе познато дека тој ќе биде отпуштен, а на негово место ќе биде назначена Сјаомен, која за разлика од него не е статична, туку може да се движи и да гестикулира.

Во последниве години, Синхуа активно експериментира со новинарството, базирано на алгоритми со елементи на вештачка интелигенција.

Во 2017 година, агенцијата ја вработи Цја Цја, која иако робот, уверливо изгледаше како млада жена облечена во традиционална кинеска облека.

Таа водеше интервју со информатичкиот експерт Кевин Кели, но не се справи со задачата, бидејќи од прашањето до одговорот правеше паузи подолги од 10 секунди. Оттогаш, роботите-водители на Синхуа се значително подобрени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.