Кога пред неколку години со својот хеликоптер принцот Мухамед бин Салман слетал на локација покрај морето на северозападна Саудиска Арабија, одлучил на тоа место да изгради град на иднината каков светот уште не видел.
Градот кој ќе ја престигне Силицијумската долина по технолошки достигнувања, Холивуд по забава и француската ривиера како најпосакуваното место за одмор.
Вештачката Месечина ќе го осветлува небото секоја вечер, а островот кој ќе биде во стилот на Паркот од Јура ќе им овозможува на гостите да се дружат со диносауруси роботи, пишува Wall Street Journal.