Кирил Терешин на прв поглед е обичен бодибилдер од Русија кој одлучил да си ја “проба среќата” во ММА.
Терешин е човек кој сака да биде препознатлив бодибилдер, но теретаната му е непозната околина. На руските социјални мрежи се проширија фотографиите од неговите непропорционалнo “набилдани” бицепси, па го доби надимакот Попај.
Наместо да ги зајакнува мускулите со кревање тегови, тој се одлучил на целосно луда алтернатива- вбризгување на снтол, мешавина која се состои од 85 проценти масло, 7.5 проценти лидокаин и 7.5 проценти алкохол.