Колона на руски воени виролози пристигна во Ломбардија, најпогодениот регион на коронавирусот во Италија. Тие ќе бидат ангажирани во масовна дезинфекција, како и во испорака на мобилни системи за дијагностицирање како и општо справување на Италија со епидемијата на опасниот коронавирус кој досега во оваа европска држава однесе илјадници животи.
Досега во Италија заразени се 75 илјади граѓани, а од новиот коронавирус починаа 7 илјади и петстотини луѓе од коронавирусот што претставува смртност од околу 10 проценти.