Во светот вчера се одбележа “Светскиот ден на шегата” – 1 април. На овој ден се измислуваат вицеви и различни шеги, но се објавуваат и лажни вести. Тоа често се случува да ги измами луѓето.
Вчера Министерството за надворешни работи на Русија се пошегува на својата Фејсбук страница објавувајќи аудио снимка од автоматскиот телефон на руската амбасада. Со ова видео алудираат на оптужувањата на некои држави кон Русија за мешањето во претседателските избори во САД.
“Ако сакате да контактирате руски дипломат, притиснете 1, по започнување на снимањето. Доколку сакате контакт со сервисот на руски хакери, притиснете 2, а ако сакате да побарате мешање во избори, притиснете 3”.
Ф.Г.