Човекот од доверба на Берлускони раскажа урнебесни анегдоти од неговиот дол престој во миланскиот гигант.
Андријано Галијани е долгогодишен соработник и човек од доверба на поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони. За италијански медиуми тој имаше интересно интервју каде откри урнебесни анегдоти од периодот кога во МИлан играа фудбалските легенди како Роналдо, Роалдињо, Сидорф…
Легендарниот Роналдо Назарио да Лима краток период помина и во Милан, а Галијани се присети на некои од “проблемите” кои клубот ги имал со најдобриот Бразилец на сите времиња.
“Беше тоа негова втора утакмица за Милан- игравме против Сиена. Изеде две големи порции паста и со половина леб ги исчисти тањирите. Тогаш јас и Анчелоти му рековме:”Феномено”, знаеш дека имаш утакмица утре, немој да претеруваш”, а тој ни одговори:”Играчот што ќе ме чува знае дека ќе игра против Роналдо, така што тоа е негов проблем”. Наредниот ден постигна два гола”, раскажува Галијани.
“Кога станува збор за Роналдињо, тој никогаш не знаеше со кого ќе играме. Веќе наредниот ден ќе заборавеше со кого сме играле”.
Галијани е убеден дека Андреа Пирло одлично ќе се снајде во улогата на тренер во Јувентус, бидејќи отсекогаш бил одличен лидер на теренот.
“Пирло беше тренер и додека играше фудбал”, вели Галијани.